Животни мудрости напишани зад огледалото на едно девојче болно од рак
- Детали
- четврток, 05 јуни 2014
Атена Очард на 13 години починала од рак на коските. Со месеци храбро се борела против болеста, се лечела со многу третмани, но минатата недела ја загубила битката.
Кога нејзините родители решиле да се соочат со сите нејзини работи во детската соба, не ни очекувале дека ќе пронајдат порака која ќе ги зближи уште повеќе.
Зад огледалото во собата на девојчето се наоѓала порака до 3.000 зборови упатена кон семејството.
Во пораката Атена им дава совети на своите родители како да живеат без неа и го открива својот позитивен став кон животот.
Извадок од пораката на Атена насловена „Секој ден е посебен“:
- Љубовта е ретка, животот е чуден, ништо не трае и луѓето се менуваат. Секој ден е посебен, па искористете го најдобро што можете. Утре може да се разболете од неизлечива болест, па затоа користете го секој ден. Животот е лош само ако таков го направите.
- Среќата зависи од нас. Можеби не е важен среќниот крај, туку самата приказна.
- Среќата е правец, а не дестинација. Ви благодарам што постоите. Бидете среќни, слободни, верувајте, бидете засекогаш млади. Вие го знаете моето име, не и мојата приказна.
- Ако некој ве сака, нема да ве пушти да си отидете без оглед на тоа колку е тешка ситуацијата. Запаметете дека животот е полн со успеси и падови.
- Никогаш не се откажувајте од она за што секојдневно размислувате. Јас сакам да бидам онаа девојка која од лошиот ден ќе направи добар и онаа која ве наведува да кажете „мојот живот се промени откако те запознав.“
- Љубовта е како ветар. Можете да ја почувствувате, но не и да ја видите. Чекам да се вљубам во некој на кој ќе можам да му го отворам моето срце.
- Понекогаш љубовта боли. Сега се борам со себе. Можам да ја почувствувам твојата болка. Соништата се моја реалност. Боли, но во ред е, навикната сум на тоа.
- Нема потреба да плачете, затоа што знам дека ќе бидете со мене.