Како изгледа одморот на Кинезите кои работат 24/7 (фото)
- Детали
- среда, 04 јуни 2014
Без разлика кој каде работи, секој има потреба од пауза. Познато е дека во Кина работното време знае да биде и од утро до мрак, па тие ја користат секоја прилика да дремнат каде ќе стигнат.
Сеедно дали продаваат на пазар, работат во ресторан, канцеларија или месарница сите може да ги видите како се заспани на најнеобични места кои би можеле да ги замислите:
Од најмали до најголеми и луѓето и животните кои имаат навистина тежок живот се забележувани како заморот ги надвладеал.
Луѓе кои заспале буквално каде нашле во истиот момент кога дремката ги победила, деца кои имаат непреспани ноќи, животинчиња кои заспале од глад и премор.
Многу од фотографиите ќе ве растажат кога малку ќе помислите што му претходело на тоа заспивање.