Бизарна невеста: Си го врзала бебето на венчаницата и го влечела до олтар
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2014
Шона Картер Брус сакала нејзиното 1-месечно бебе постојано да биде до неа во текот на церемонијата, па си го закачила на венчаницата.
Фустанот, за кој се претпоставува дека е дело на Вера Ванг, очигледно е изменета за 1-месечното бебе да има каде да се смести.
И додека мајката шетала до олтарот, нејзиното бебе буквално се влечело зад неа.
Само неколку минути по поставувањето на фотографиите на Фејсбук, бурата од коментари започна. И додека едни мислат дека оваа постапка е невкусна, други сметаат дека е сериозно опасно по животот на бебето.
Шона и Џонатан, односно младоженците, веќе цел месец по свадбената церемонија не можат да разберат што направиле погрешно:
-Ние правиме што сакаме, кога сакаме, сè додека Исус е со нас. Сè излезе добро и ќе продолжи така, напишала Шона на личниот Фејсбук профил, очигледно погодена од негативните коментари.
Кој е вашиот коментар?