Корејската Миранда Кер: Со пластични операции до успешна кариера
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2014
Hong Yuh Reum е манекенка од Кореја која направила пластични операции на носот и очите како би го постигнала изгледот на својот идол - Миранда Кер.
Пластичните операции и обезбедиле голем успех во светот на модата, па денес Hong е меѓународен модел.
- Бев воодушевена кога прв пат ја видов Миранда Кер во списание. Таа има бебешко лице, а изгледа неверојатно секси. Знаев дека сакам да изгледам така.
Оваа девојка носи сини леќи, постојано се обидува да ја „погоди“ бојата на косата и гледа различни туторијали како би посигнала поголема сличност со Миранда. А, околу операциите никогаш не се двоумела.
- Кога одлучив дека ќе правам операции, многумина се обидуваа да ме премислат. Но, имав силна желба да изгледам како неа.
Успешен обид или...?