Животните приказни на 3 жени кои работат во светот на порнографијата
- Детали
- четврток, 29 мај 2014
За да ги разбијат непристојните приказни и митови за жените кои се во порно индустријата, овие 3 жени одлучиле да ги раскажат своите приказни и судбини.
Како другите ги гледаат, колку она што го одбрале им одговара и што добиваат за возврат се трите најчести прашања на кои конечно ќе го дознаете одговорот.
Уметничко име: Stoya
Години: 28
Занимање: Порно ѕвезда и автор
На почетокот, за оваа жена сè било забава или барем така и звучело. Првото порно снимање бил експеримент заради тоа што цимерот и бил фотограф. Но, откако еротското хоби се исплатело, малку по малку, компанијата со која соработувала и понудила снимање на DVD колекции.
- Правам различни работи, секој пат е поинаку и ми е интересно. Проблем е што луѓето во индустријата за возрасни се сурови, студени и користољубиви. Кога работодавачот е ужасен и мене не ми се работи. Порано дури и одбивав проекти заради некои личности.
Признава дека луѓето во „реалниот свет“ и даваат навредливи надимаци, а на венчавката на нејзината сестра била јавно понижена.
- Мислам дека светот на порнографијата е многу поискрен од реалниот, што е иронично, вели таа.
Уметничко име: Dylan Ryan
Години: 27
Занимање: Порно ѕвезда и социјален работник
Започнала да се занимава со порнографија како би и помогнала на својата пријателка.
- На паузите за ручек таа зборуваше дека сака да отвори порнографска компанија и ме праша дали би сакала да работам со неа. Немав подготвен договор, и реков дека само ќе и помогнам. По 1 година таа даде отказ и се посвети на бизнисот, а јас и се приклучив. Заклучивме дека има малку филмови за хомосексуалци и тоа ни беше примарна цел. Тоа беше одлично, позитивно и исплатливо искуство, вели таа.
Dylan вели дека често луѓето во нејзиното окружување ја гледаат како жртва. Сепак, оваа жена е мастер во социјална заштита и е многу активна во борбата за правата на работниците во сексуалната индустрија.
Уметничко име: Satine Phoenix
Години: 34
Занимање: Уметник, поранешна порно ѕвезда
Нејзиниот татко ја злоставувал цели 10 години. Решена да се ослободи од овој проблем, направила пресврт и решила да се занимава со индустријата за возрасни.
- Тоа ми помогна повторно да стекнам самодоверба во поглед на својата сексуалност. Тој специфичен вид слобода ми помогна да прераснам во жена.
Таа не крие дека сака да ја гледаат додека има секс, затоа што тогаш се чувствува дека има целосна контрола.
- Порно филмовите често пати делуваат студено, пластично. Но, за чудо моите пријателки трпат разни проблеми на своите работни места, многу поголеми од оние кои јас ги имам во оваа индустрија.