Патуваат низ светот и се сликаат топлес (фото)
- Детали
- среда, 28 мај 2014
Трите патнички со авантуристички дух се заслужни за ова ново глобално лудило - топлес низ целиот свет. Ова лето планираат да ја посетат Италија, Шведска и Хрватска.
Оливиа Едгинтон, Лидија Беклер и Ингвилд Марстајн Олсен имаат илјадници обожаватели на социјалните мрежи благодарение на проектот „Топлес турнеја.“
- Топлес турнејата ги отвора вашите голи гради и срцето кон светот. Тоа звучи прилично непримерно, но ве поврзува со луѓето кои ги сакате. Нашите пријатели и семејството ни даваат огромна поддршка. Многу од случајните минувачи дури и ни се придружуваат. Сите се горди на пораката која ја испраќаме, а нашите родители сметаат дека ова е големо освежување за младите, објаснуваат трите девојки.
Девојките, кои инаку живеат во Англија, до сега позирале во Осло, Њујорк, Манчестер, Берлин, Лондон...
До сега имаат околу 9.000 следбеници на Инстаграм, а на Фејсбук секојдневно добиваат фотографии со нивната идеја од многу жени кои се фотографирале топлес на омилената дестинација.
Одлична идеја и уште подобра реализација!