Иако деновите му се одбројани, она што тој го направил ќе се памети секогаш
- Детали
- четврток, 24 април 2014
Еден тинејџер од Велика Британија, Стивен Сатон (19) кој боледува од рак на дебелото црево успеал да направи нешто неверојатно – додека е во болница собра милион фунти за добротворни цели.
Ракот му бил откриен кога имал 15 години. Иако му била направена операција и туморот бил изваден, сепак лошата болест му се повторила една година подоцна.
Нему деновите веќе му се одбројани, но тој уште од 16 години си зацртал цели кои сака да ги исполни додека е жив.
Составил листа од 46 работи кои сака да ги направи и веќе успеал повеќето да ги оствари.
Летал со авион во прва класа, бил на познатиот англиски стадион Вембли за да гледа фудбалски натпревар со неговиот омилен клуб, се истетовирал, свирел на тапани пред бројна публика, напишал книга, скокал со банџи и со падобран.
Стивен за време на својата борба со болеста практично станал медиумска ѕвезда во Британија. Држел и мотивациски говори пред голем аудиториум, запознал многу познати личности, меѓу кои и фудбалерите Стивен Џерард и Роби Фаулер.
Сепак, една од неговите последни желби била да собере милион фунти за добротворни цели.
Минатата недела соопштил дека сака да ги собере тие пари за да докаже дека неговиот краток живот сепак имал смисла. За неполни седум дена собрал и повеќе од предвидената сума.
За жал, Стивен моментално е во болница и е во тешка состојба.
Секој може да ги оствари своите желби, само ако има цврсто зацртани цели за кои ќе се бори со сите сили и до последен здив.
Слушнете еден од неговите мотивациски говори и видете што значи да се биде поголем од животот: