За него не постои невозможното, Нико е фудбалер со една нога
- Детали
- петок, 18 април 2014
Нико е фудбалер роден со една нога кој има навистина неверојатна приказна за раскажување.
Фудбалот уште од мали нозе му бил опсесија. За да може да ја удира топката на почетокот носел протеза на ногата. Подоцна, била заменета со патерици. Со нивна помош тој почнал да трча побрзо и дури и да игра против фудбалери кои немале физички инвалидитет.
Нико сега има 19-години и има многу успеси со кои може да се пофали, како што е неговото членство во Американскиот национален машки фудбалски тим од играчи со ампутирани екстремитети.
Нико успеал и да се искачи на Килимаџаро со патерици. Со оваа експедиција тој собал 100.000 долари кои биле донација за децата на кои им се потребни инвалидски колички во Африка.
Приказната на Нико е дел од кампањата на Светското првенство во фудбал на брендот Powerade, спротскиот пирајлок на Coca-Cola.
Пораката на кампањата „There’s Power in Every Game“ е дека во животот не треба да веруваме во невозможното, дека не смееме да бараме изговори, туку треба да бидеме истрајни и одлучни во своите соништа.
“Nicos Story” е краток документарец во кој пред наши очи го гледаме создавањето на решителниот и борбениот Нико, кој иако бил роден без десна нога и колк, решил да го искористи она што го има и никогаш да не се откаже.