Дете херој и пример за многу возрасни: Со една топка предизвика илјадници насмевки

Можеби за повеќето деца фудбалската топка е секојдневие од најмала возраст. Обична играчка која понекогаш им преминува и во страст, хоби, а на некои и професија.

dete-heroj-i-primer-za-mnogu-vozrasni-so-edna-topka-predizvika-iljadnici-nasmevki-01

Но, за некои деца тоа е нешто замислено, посакувано или само форма на некоја имитација направена од отпадоци и кеси.

Малото момче Итан Кинг од Мичиген е дете херој и вистински пример за тоа како со искреност, добра волја и разбирање може да се направат големи дела.

Тој често патувал со својот татко кој ги поправал тамошните бунари за вода и ги гледал децата како си играат со нешто што е во облик на топка изработено од отпадоци.

Тогаш решил да донесе една вистинска топка и да им ја подари. Радоста, благодарноста и насмевките на нивните лица немале крај.

dete-heroj-i-primer-za-mnogu-vozrasni-so-edna-topka-predizvika-iljadnici-nasmevki-1

Една обична вистинска топка успеала да предизвика илјадници насмевки. Има ли поголемо богатство од илјадници среќни деца? А само толку малку е потребно.

Кога видел колку се радуваат, малиот Итан решил дека треба да имаат повеќе од една топка и дека тој може да им носи на сите деца каде што патува со неговиот татко.

Тоа го инспирирало за да направи хуманитарна фондација „Charity Ball“ во која ќе може да се донираат топки. Идејата се проширила насекаде, во неа се вклучиле и познати фудбалери како српскиот репрезентативец Невен Суботиќ кој игра за Борусија Дортмунд и многу други богати луѓе и компании кои ја шират детската идеја за поголема среќа.

Од 2009 година кога во Мозамбик ја подарил првата топка до денес се донирани 4.000 топки во 22 земји.

dete-heroj-i-primer-za-mnogu-vozrasni-so-edna-topka-predizvika-iljadnici-nasmevki-3

Покрај тоа што им подарува топки, тој разговара и игра фудбал со нив. Доказ дека детскиот ум и дух се најискрени и најчесни без задни намери, без разлика на националности и раси.

Пример за сите возрасни и за тоа колку малку е понекогаш потребно за да направите некого среќен.

Погледнете го видеото во кое е прикажана неговата мисија:

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg