Шумахер се буди од кома, повторно ги гледа своите најмили
- Детали
- понеделник, 07 април 2014
Германскиот возач на Формула 1, легендарниот Михаел Шумахер кој повеќе од 3 месеци се наоѓа во кома, започнал да реагира на звуци и да воспоставува контакт со очите со членовите од неговото семејство.
Откако лекарите дадоа лоши прогнози пред само неколку дена, Шумахер започнал да покажува голем напредок во будењето од кома.
Според најновите информации, покрај тоа што повремено се освестува и реагира на болка, Михел започнал и да реагира на гласови.
Семејниот пријател на Шумахер, Жан Алеси изјавил дека за време на последната посета во болница забележал голем напредок.
- На почетокот Михаел реагираше само на болка, кога беше стегнат. Тоа можеби беше несвесна реакција на неговото тело, но изминатиов месец сфатив дека работите одат кон подобро. Семејството чувствува олеснување и голема радост, изјавил Алеси.
Лекарите и понатаму се свесни дека патот до целосно заздравување ќе биде долг, но со оглед на последните случувања, во круговите на блиските на Шумахер владее оптимизам.