Наскоро „крвава Месечина“: Астрономска атракција или крај на светот?
- Детали
- понеделник, 07 април 2014
Погледот на целосно помрачена Месечина на 15. април ќе го означи почетокот на тетрада, ретка појава на четири лунарни еклипси во наредните 2 години.
Астрономите се радуваат за глетката која ги очекува, други пак веруваат дека „крвавата Месечина“ го најавува крајот на светот според Библијата, каде се вели дека пред судниот ден, Сонцето ќе се помрачи, а Месечината ќе се облее во крв.
Сепак, астрономите имаат свое научно објаснување, според кое, лунарната еклипса се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се „израмнуваат“ така што сенката на Земјата паѓа врз Месечината и ја помрачува.
Таканаречената „крвава Месечина“, својата црвена боја ја добива од прекршувањето на сончевите зраци низ Земјината атмосфера.
Оваа појава ќе биде видлива низ цела Северна Америка, Нов Зеланд и Пацифик. Првата еклипса почнува на 15. април, а останатите три се на 8. октомври 2014 година, 8. април и 28. септември 2015 година.
Погледнете го видеото со менувањето на Месечината: