Банка по грешка уплатила $31.000 долари на сметката на тинејџер
- Детали
- петок, 28 март 2014
Еден клиент на First Citizens Bank во Џорџија се обидел да уплати $31.000 долари на својата сметка, но по грешка на службеникот парите биле уплатени на сметката на 18-годишен тинејџер кој имал исто име како и клиентот.
Тинејџерот во една прилика ја проверил состојбата на својата сметка и го видел огромниот износ, па решил веднаш да тргне во шопинг.
За неполни 10 дена подигнал $20.000 долари во готово, а потрошил уште $5.000 долари на својата картичка.
Кога се обидел уште еднаш да подигне пари, службеничката му кажала дека дошло до грешка и дека би морал да ги врати парите.
Тинејџерот одбивал, тврдејќи дека тоа е наследство од баба му.
Сепак, заменик директорот го посетил домот на тинејџерот за да му ја објасни ситуацијата и последиците ако не ги врати парите.
Момчето ветило дека ќе отиде во банката и ќе ги врати парите, но оттогаш не се појавило, а банката го тужи за кражба.
Што би направиле вие во ваква ситуација?