Чикаго на оргинален начин го прослави празникот „Свети Патрик”
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Вчерашниот ден беше резервиран за прославата на големиот Ирски празник „Свети Патрик”. Светот присуствуваше на уште една традиционална прослава,тука не отсуствуваше ниту Скопје, каде во Ирскиот паб на кејот на реката Вардар, беше прославен Ирскиот празник. Облечени во зелена боја, со принт маички и нацртани детелини на лицата, и секако многу галони пиво беше одбележан големиот празник.
Во Чикаго, како и секоја година, празникот се одбележа на еден многу креативен и оргинален начин. Во духот на „Свети Патрик”, Чикаго ја обои својата река во зелена боја.
Илјадници обожувачи и почитувачи на празникот присуствуваа кога контејнерите со боја се истурија во реката, некаде точно на пладне. Потоа,заеднички ја следеа рутата на зелената вода, која завршуваше во Бакингемска фонтана.
Со години во Чикаго, реката се бои во зелена боја, која трае шест до дванаесет часа во зависност од температурата на водата.
Зошто токму зелена боја?
Традиционалниот симбол на овој ден е детелината со три листа, која е симбол на Ирска. Според легендите, Свети Патрик користел детелина со три листа на своите проповеди за да го објасни тројството на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Затоа денот на прославата е обележан со зелени аксесоари, храна, и прочуеното зелено пиво.
Па тоа е добра идеја, можеме и ние догодина да го обоиме Вардар во зелена боја, во чест на празникот „Свети Патрик”. Зошто да не?