Како на глупавиот и поглупавиот - му се залепи јазикот за шипка
- Детали
- понеделник, 17 февруари 2014
Еден ученик од Ист Хемптон јазикот си го залепил на метална шипка во училишниот двор, баш по примерот на Хари, по што на помош била повикана група пожарникари.
Момчето, чие име не е објавено, сакало да ја допре замрзнатата шипка со јазик, но таа била толку студена што потоа не успеал да се одвои.
Училишната управа веднаш повикала пожарникари кои полеале топла вода по шипката за да може да го одвојат детенцето од неа.
Потребни им биле дури неколку кофи топла вода, за конечно по неколку часа интервенција, момчето да биде одвоено и прегледано.
„Не ви препорачувам да го ставате јазикот на што било метално до крајот на зимата“, еден од пожарникарите ги посоветувал останатите дечиња-очевидци.
Помеѓу тоа, признал дека ова е втор ваков случај во неговата кариера, а претпоставува дека главни виновници за овие идеи се Хери и Лојд од хит филмот „Глупавиот и поглупавиот“.