Видео со силна порака: Мислевте дека сте совршени?
- Детали
- понеделник, 10 февруари 2014
Можете ли да замислите дека немате една рака, не можете да одите, имате џуџест раст, искривено тело или ампутирана нога и треба да си најдете облека?
Како е кога ќе излезете во шопинг и на сите излози ги гледате извајаните кукли со совршени пропорции како ги носат вашите омилени модели?
Вам единствено што ви преостанува е да ги погледате и ако можете да купите некој сличен модел кои сигурно ќе треба да го коригирате на шнајдер за да ви биде точен.
Од друга страна, ако сметате дека сте совршени, замислете како е во омилените бутици и излози да видите несовршени модели на кои им е искривено телото, имаат само половина рака или нога, со џуџест раст или инвалиди.
Замислете дека сите бутици се со модели за лица со посебни потреби и меѓу сите нив вие треба да најдете нешто што и вам ќе ви се погоди да ви стои.
Влезете во телото на другиот. Бидете поблиски. Затоа што никој не е совршен.
Погледнете го ова моќно видео направено по повод Интернационалниот ден за лица со посебни потреби: