Емотивна молба: Татко низ солзи од Фејсбук бара уште еднаш да си го види синот
- Детали
- четврток, 06 февруари 2014
Џон Берлин од Мисури во 2012 година останал без својот син кој починал на 21 година. Откако деновиве почнаа да се шират кратките видеа во кои секој корисник на Фејсбук може да си го прегледа својот профил од зачленувањето до денес, овој татко посакал да може уште еднаш да си го види синот.
Поради тоа решил да сними видео порака во која низ солзи го замолува Марк Цукерберг да му овозможи да го види видеото составено од најзначајните моменти на неговиот покоен син.
Само за неколку часа ова видео имало над 700.000 прегледи, а успеало да предизвика позитивна реакција и одговор од страна на Фејсбук тимот кој преку телефонски повик го известил Џон дека ќе направат сè што можат и за неколку дена ќе го добие видеото.
Исто така веќе бараат начин да им излезат во пресрет на сите семејства кои изгубиле блиски и сакаат да имаат некое виртуелно сеќавање од нив.
Иако по малку бизарно, познато е дека доколку почине некој, Фејсбук профилот има можност да се претвори во некој вид на „in memoriam“ профил кој нема да може да се менува, ќе има одредени податоци и општо видливи објави за сите кои сакаат повремено да го посетуваат и да се сеќаваат на покојната личност.
Погледнете ја видео пораката на таткото која го трогна Цукерберг: