Како живеат децата во геј браковите: Сакани, успешни, горди

Во моментот кога целиот свет води дебати за рамноправноста на геј браковите и додека по една нова земја секој ден официјално ги прифаќа или забранува, многу од децата израснати во вакви бракови решија да ги изјаснат своите ставови.

kako-ziveat-decata-vogej-brakovite-sakani-uspesni-gordi-01

Во 2013 година беше спроведено последното истражување на оваа тема, односно како истополовите бракови влијаат врз развојот на децата посвоени од истите.

Опфатени биле 500 различни деца ширум Австралија, кои дадоа изненадувачки позитивен заклучок: децата од овие семејства напредуваат добро, подобро се сложуваат со своите родители и имаат поздрави навики.

Еве некои од изјавите кои ја создадоа оваа слика:

Еј Џеј Коста, студент од Тексас кој живее со две мајки - „Неверојатно сум горд на своето семејство, затоа што ние сме една нормална верзија на современо семејство - христијани и поддржувачи на ЛГБТ групата. Тоа е исто како да имаш родители со различна боја на кожата. Важно е што се сакаме, бориме и снаоѓаме баш како и сите останати. И неверојатно ми е драго што е така!“

kako-ziveat-decata-vo-gej-brakovite-sakani-uspesni-gordi-001


Алија Шејн
, ќерка на две мајки кои веќе 31 година живеат заедно - „Родителите ми обезбедија безусловна љубов и поддршка, кои ми беа неопходни да прераснам во она што сум. Ме научија на храброст, како да стојам зад своите верувања и ме подготвија како да им помагам на оние кои немале многу среќа во животот.“

kako-ziveat-decata-vo-gej-brakovite-sakani-uspesni-gordi-002


Даниела Силбер
, дете на две мајки и двајца татковци - Во 1982 година две мајки лезбејки и двајца татковци бисексуалци одлучиле заедно да добијат дете. 9 месеци подоцна, се родила Даниела, а 5 години подоцна добила и помлад брат.

„Тој е мојата најблиска личност во животот и омилен партнер во активната борба за рамноправноста на истополовата љубов. Иако растењето во хомофобично и херетосексистичко општество не е лесно, моето семејство ме научи дека нашата различност може да биде наша сила!“

kako-ziveat-decata-vo-gej-brakovite-sakani-uspesni-gordi-003


Шерон Шатук
, ќерка на 2 мајки кои го промениле полот - „Марсиј и Триша се моите мајки кои се прав столб на нашето семејство. Себе се сметаме за здодевно нормални, и покрај тоа што за моето семејство веќе снимам документарен филм.“

kako-ziveat-decata-vo-gej-brakovite-sakani-uspesni-gordi-004


Пол Пери
, син на двајца татковци - „Растев во традиционално општество и неверојатно сум горд на моето семејство, затоа што од секогаш им пркосевме на најлошите аспекти на традицијата, а истовремено се придржувавме до некои постојани вредности кои ни значеа. Балансот ни помогна да успееме.“

kako-ziveat-decata-vo-gej-brakovite-sakani-uspesni-gordi-005

Денес, истополовите бракови се законски легални во Холандија, Белгија, Шпанија, Канада, Калифорнија и уште многу земји низ светот. Но, посвојувањето и вештачкото оплодување сè уште е табу тема за која никој никогаш не сака да разговара.

Едни тврдат дека популацијата опаѓа со ширење на овие семејства, други пак се загрижени за физичкото и ментално здравје на децата израснати во истополови заедници.

Кое е вашето мислење? Оправдувате или строго осудувате?

Би можело да ве интересира:

Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg