Среќен 10-ти роденден Фејсбук!
- Детали
- вторник, 04 февруари 2014
Најпопуларната социјална мрежа на денешницата, денес на 4 февруари го прославува своето 10 годишно постоење на многу искрен и емотивен начин.
Без големи најави и гламурозни прослави, основачот на Фејсбук - Цукерберг во едно од неговите роденденски интервјуа изјавил:
„Ова беше неверојатно патување и благодарен сум што учествував во него. Фасцинантно е да гледате како луѓето Фејсбук го користат како би изградиле вистински заедници, со цел да ја овозможат помошта онаму каде е неопходна. Во следната декада имаме должност и одговорност да ги поврземе сите во светот и да продолжиме да и служиме на најголемата светска заедница.“
Во чест на милионите корисници, тимот на Фејсбук има мал роденденски подарок и верува дека овој 4ти февруари ќе би барем малку поинаков од сите останати.
За таа цел, од денес достапна е Look Back опција на вашиот профил, која ќе ви овозможи да ја прегледате својата дигитална историја од последнава деценија.
Покрај изненадувањата за публиката која брои 1.23 милијарди корисници, тимот на Фејсбук објави емотивно и детски искрено видео кое веќе стана најпрегледувано во последните неколку часа.
„Нашиот 10ти роденден се случи само заради вашите пријателства, приказни и спомени. Ви благодариме!“