Татко кој има уште 5 години живот го приреди најубавото изненадување за својата ќерка
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2014
Гарт Калахан е 44 годишен татко на кој во последните 2 години 3 пати му бил дијагностициран рак. Лекарите не го штеделе и јасно му нагласиле дека оваа малигна болест не може да се излечи.
Иако сè уште изгледа добро, статистиките укажуваат дека има уште максимум 5 години живот.
Помирувајќи се со тоа дека нема да го гледа развивањето на својата ќерка, одлучил за неа да направи нешто по што таа ќе го запамети, а ќе и помогне во созревањето.
Кога неговата ќерка Ема била млада, Калахан се занимавал со продажба и често бил отсутен од дома, па повремено знаел да ја изненади ќерката со порака напишана на салфетка и да ја стави во нејзината кутија за ручек.
Ема била втора година во средно училиште кога Калахан одлучил да ја обнови оваа интересна традиција и секој ден Ема да ја испраќа на училиште со по една емотивна порака.
Гарт напишал точно 826 салвети, по една за секој училишен ден на Ема.
Како што неговата ќерка растела, почнал да цитира познати изреки од мислители чии реченици станале легендарни.
Денес поминати се над 700 дена и над 700 испишани салвети, а останати се нешто повеќе од 100 за Калахан да ја оствари својата цел - својата ќерка да ја насочи на вистинскиот животен пат.