Секс, дрога и реге: Вака се живее во најлуксузниот затвор на светот!
- Детали
- вторник, 28 јануари 2014
Затворот Сан Антонио на островот Маргарита во Венецуела од надвор изгледа како и секој останат затвор. Војниците го чуваат влезот, а чуварите со страшен поглед ги дочекуваат посетителите.
Но, во внатрешноста ќе ве дочека тотален неред.
Повеќе до 2000 затвореници, во главно осудени заради убиство и дрога, се забавуваат на сончева плажа, со мирисот на марихуаната кој се шири во воздухот и звуците на реге музиката кои допираат од околните клубови.
Таа помисла е дел од некоја богата забава, но колку и да не верувате, така изгледа и секојдневието на затворениците во Венецуела.
Затворениците раскажуваат како целиот луксуз му го должат на Теофил Родригез, осудениот дилер кој е главен алфа мажјак во затворот и се грижи за нив.
Погледнете го краткиот документарен филм за најзабавниот затвор во светот. Колку и да звучи страшно и бизарно, за момент ќе посакате да се најдете тука: