Ќе погодите колку членови брои најголемото семејство во светот?
- Детали
- среда, 22 јануари 2014
Индиецот од Мизорам е глава на најголемото семејство во светот кое брои речиси 200 членови.
Тој е во брак со 39 жени, од кои има 94 негови деца. Живее и со 14 жени на неговите машки деца, а има и 33 внуци.
67-годишниот Зиона Чана и сите останати 180 членови живеат во семејна зграда на 4 ката, која располага со дури 100 соби.
Ова семејство е одлично дисциплинирано и организирано, па никогаш не се случило да појадуваат, ручаат или вечераат без сите да се соберат на трпезата.
За еден нивен оброк потребни се 30 кокошки, 60 килограми компири и нешто помалку од 100 килограми ориз.
Зиона е исто така член на локална религиозна секта која дозволува полигамија, па не е ни чудо што веќе неколку години важи за глава на најбројното семејство во светот.