Ова не е фотографија од детенце кое спие помеѓу гробовите на своите родители
- Детали
- вторник, 21 јануари 2014
Во изминативе неколку дена на социјалните мрежи започна да се шири фотографија која малкумина ги остави рамнодушни.
Се работи за фотографија од сириско дете кое спие помеѓу гробовите на своите родители. Но, дали тоа е вистинската приказна?
На својот блог Харалд Дорнбос објави разговор со авторот на спорната, вирална фотографија. Се работи за фотографија која е дел од проектот Абдул Азиза Ал-Отаибиј, кој е прилично шокиран од тоа во што се претворила неговата фотографија.
Ал Отаиби, како и секој фотограф, со своите фотографии сака да испрати одредена порака, па така дошол до оваа идеја.
Но, гробовите на фотографиите всушност не се гробови, а детенцето е негов внук. Фотографијата е снимена во Саудиска Арабија, од каде потекнува Ал-Отаиби.
Фотографијата ја објавил на својот Фејсбук профил, но на неа не ставил објаснување како настанала, па тоа не ја спречи виралната експлозија.