Ова е тинејџ ѕвездата која има повеќе фанови од Лејди Гага

Секоја дискусија за Бетани Мота започнува со бројки - нејзиниот YouTube канал има речиси 5 милиони следбеници, што е многу повеќе од Лејди Гага, додека нејзиниот Инстаграм го следат преку 2 милиони луѓе, што е многу повеќе од следбениците на Вог, Ел, Гламур и Космополитен заедно.

ova-e-tinejdz-zvezdata-koja-ima-poveke-fanovi-od-lejdi-gaga-01

Мота завршила средно училиште минатата година и живее во мирен град во северна Калифорнија.

Стана доста популарна благодарение на YouTube видеата во кои покажува што купила и разговара за тоа. И навистина е така едноставно како што звучи, без стилисти, модни уредници или модели од писти.

Во минатото оваа видео платформа беше резервирана исклучиво за познати личности, но оваа девојка трендовите ги насочи во сосема поинаков правез.

Како што изјавила во едно интервју, убавината на YouTube заедницата ја открила откако некој од пријателите ја малтретирал онлајн.

- Не сакав со никој да разговарам, ниту да излегувам од дома. YouTube беше мојот поглед кон светот, но и начин да не се грижам што некој друг мисли за мене.

Од тогаш па до денес, Бетани Мота има снимено стотици видеа на кои објаснува интересни „направи сам“ проекти, туторијали за шминкање, фризури и декорирање на ентериерот.

Никогаш не одговорила колку пари заработува, но според бројот на прегледи, се претпоставува дека тоа е цифра од околу $40.000 долари месечно.

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg