Кралот само сакал да спие
- Детали
- среда, 01 јули 2009
Мајкл Џексон во последните денови од животот пател од тешка несоница, па ги молел докторите за седативи кои би му помогнале да заспие. Џексоновата...
... нутриционистка и медицинска сестра Шерил Ли која се обидувала да го навикне пеачот на правилна и здрава исхрана, признала дека Мајкл во последните денови од животот молел за инекција на Диприван за да се смири.
Диприван, медицински назив пропофол, е седатив кој се користи како анаестетик при лесни зафати како што се операција на усната празнина и заби.
"Мајкл ме повика во паника и ми рече дека морам веднаш да дојдам. Кога го прашав што се случило, тој ми кажа дека едната страна на телото му е потполно ладна и дека се плаши.
Му кажав дека мора веднаш да замине во болница и повеќе да не си игра со здравјето. Сфатив дека тој земал некои силни лекарства по што телото полека попуштало", изјавила Ли.
Мајкл наводно земал истовремено седативи, антибиотици, антидепресиви и аналгетики и тоа по потреба.
Кралот на поп музиката трпел огромни болки и пател од хронична несоница која го натерала да зема се повеќе и повеќе лекарства.
Блиските луѓе кои го познаваа Мајкл изјавиле дека тој никогаш не сакал дроги ниту злоупотребувал лекарства.