Снежно изненадување од мајката за детето кое нема да ја доживее следната зима

Мејсон Вилијамс е тригодишно момче кое е родено со тешко заболување, хипопластично лево срце. Толку е малечко, но ги поднело сите досегашни процедури на лечење.

snezno-iznenaduvanje-od-majkata-za-deteto-koe-nema-da-ja-dozivee-slednata-zima-01

За да преживее мора да оди на ризична операција на срцето која според докторите речиси нема шанси за да преживее, поради високиот крвен притисок.

Неговата мајка знае дека деновите му се ограничени, па сакала да исполни една од неговите најголеми желби. Нивниот двор го претворила во вистинска зимска бајка.

Со помош на локалните жители и фирми кои донирале новогодишни дрвја, вештачки снег и украсни предмети, неговата желба станала реалност.

Мејсон никогаш претходно немал видено вистински снег, па кога го видел во дворот се расплакал од шок и радост.

Уште кога се разбудил бил воодушевен од тоа што го гледа, а кога го допрел снегот немало поголема радост. Тој не може да зборува, но неговата мајка ја препознала неговата среќа.

Мајката Мелоди не знае дали нејзиниот син ќе има шанса некогаш повторно да види снег, па била воодушевена што барем еден ден уживале заедно во снежната бајка.

snezno-iznenaduvanje-od-majkata-za-deteto-koe-nema-da-ja-dozivee-slednata-zima-1

snezno-iznenaduvanje-od-majkata-za-deteto-koe-nema-da-ja-dozivee-slednata-zima-2

snezno-iznenaduvanje-od-majkata-za-deteto-koe-nema-da-ja-dozivee-slednata-zima-3

Би можело да ве интересира:

„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Пробувам да забременам, но се плашам дека ќе бидам ужасна мајка - Што да правам?“ „Мојот сопруг и јас веќе подолго време пробуваме да добиеме дете. Но, јас сум уш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg