Топла приказна за прерано роденото бебе и мајчината љубов (видео)
- Детали
- петок, 22 ноември 2013
Малиот Вард Мајлс Скот е вистински храбар борец кој е роден 3 и пол месеци порано со околу 600 грама тежина и минимални шанси за преживување. Но, нема ништо поголемо од мајчината љубов во комбинација со напредната модерна медицина.
Таткото на Вард, Бенџамин Скот, кој е фотограф, го документирал развојот на неговиот син во период од една година.
Со постојано набљудување, интензивна нега и грижа од страна на докторите, но најмногу љубов од родителите, малиот Вард по 107 дена успеал да се врати дома, да закрепне и да биде нормално здраво дете.
Насмеан и среќен го прославил и својот прв роденден. Бенџамин вешто го следел и фотографирал неговото закрепнување уште од првиот момент.
Откако неговата мајка Линдзи го земала во дланките, бидејќи толку бил мал и го ставила на градите, па сè до неговото пораснување во прекрасно мало момче на неговиот прв роденден.
Видеото кое го снимил Бенџамин бил вистинскиот подарок за нејзиниот роденден, а сепак посветено на неа и на сите доктори и болничари кои се грижеле и му овозможиле здрав живот на малиот Вард.
Погледнете ја приказната низ ова видео
Никогаш не треба да се изгуби вербата и надежта дека може да биде подобро.