Детето кое пуши од 2 години конечно ги остави цигарите
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2013
Детето по име Алди Ризак е познат низ целиот свет, а својата репутација ја доби заради една многу лоша навика - пушењето. Но, 2 години подоцна успеа да се избори со оваа лоша навика.
Алди стана популарен само пред 2 години, кога локална телевизија го сними момчето кое страствено пуши.
Тој стана најмладата личност која беше на рехабилитација за одвикнување од цигарите, каде низ игра и секојдневни вежби успеа да се ослободи од страшниот порок.
Докторите во Индонезија одлучија повторно да му помогнат на момчето кое сега е на строга диета која подразбира внесување на многу витамини и минерали.
Сите се надеваат дека Алди наскоро ќе продолжи со здравиот начин на живот.