Животни приказни: Ова е момчето кое гледа без очи (видео)

Бен Андервуд е слеп. Очите му биле отстранети кога имал само 3 години, но од тогаш нормално и активно се развива. Како? Со помош на звук.

zivotni-prikazni-ova-e-momceto-koe-gleda-bez-oci-01

Бен Андервуд и неговото семејство живеат во Сакраменто. Бен секојдневно дели вообичаени работи со слепите луѓе, како на пример говорниот компјутер преку кој создава зборови за своите рап песни.

Но, една работа која е необична за слепите лица, Бен ја прави без никаква помош. Тој се движи без помош на куче водич и стап за одење. Не ги користи дури ни рацете за допири. Наместо тоа, тој гледа сè со помош на звукот.

Бен тврди дека може да ја чуе близината на објектите, па така многу лесно може да каже што и каде се наоѓа. Тој е единствениот на планетава кој го може тоа.

Препознавањето на звуците е толку силно и добро, што неговата мајка и брат не признаваат дека Бен е слеп.

Бен се родил потполно здрав, со темни очи како и својата мајка. Но, кога наполнил 2 години мајка му сфатила дека нешто не е во ред со неговите очи, за нешто подоцна да открие дека во неговите очи се развива тумор. И тоа тумор од редок вид, каков што се јавува само во 1 случај на 6 милиони.

Во обидот да ги спасат неговите очи, докторите веднаш започнале со кемо и радиотерапија, но по 10 месеци туморот и понатаму растел. Неговата мајка морала да одбере: неговите очи или неговиот живот.

До ден денес мајката на Бен постојано му го објаснува светот за да може целосно да го доживее.

Само 1 година по операцијата на очите, се случило чудо. Додека се возеле во автомобилот, малиот Бен ја запрашал неговата мајка која е таа зграда покрај која минале.

Ушите на Бен собирале звуци од прометот кој се рефлектирал на околните згради. Гледањето со помош на очите го променил неговиот живот.

Но, кога Бен наполнил 7 години открил нова способност: научил да чука по предметите. Со текот на годините создал свој и единствен начин да ги распознава предметите по начинот на кој тие чукаат, што му донело голема храброст и способност за да започне да вози скејт.

Меѓутоа, училиштето не било баш најдобро искуство за Бен. Мајката на Бен ја замолиле да го запише во училиште наменето за дечиња со посебни потреби, но таа силно била убедена дека ќе направи грешка. Нешто подоцна, во тоа успеала да ги убеди и сите останати.

Бен денес е типичен тинејџер: тој верува дека знае сè! Без оглед на неговиот хендикеп, живее со полни гради и не дозволува никој да му застане на патот. Дури и поседува моќ која ја нема никој друг нормален тинејџер.

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg