Во Норвешка постои приватен остров само за затвореници
- Детали
- среда, 13 ноември 2013
Баста островот е лоциран во Норвешка и се вбројува во еден од најтешко достапните, не затоа што е претерано луксузен, туку затоа што таму живеат само затвореници.
За нив Баста островот е вистински луксуз, затоа што тука уживаат и водат сосема нормален живот.
Наутро, од 8:30 до 15:30 имаат работни обврски, а останатиот дел од денот им е слободен. Можат да користат базени, да шетаат низ природата, да играат тенис, да бидат физички активни во теретаната, или пак да се одморат во сауна и библиотека.
Ќе се запрашате, како овие луѓе се прогласени за затвореници?
Се работи за луѓе со тешки пресуди, кои се обврзани доживотно да служат казни, па Норвешката влада се согласила дека нивниот живот нема да има смисла во една ќелија. Наместо тоа, одлучиле да бидат корисни кога веќе се работоспособни.
Затоа, сега нивниот затворски ден изгледа вака: