Прво место за најдобар научен труд на македонски уролог во Грција

Македонскиoт уролог Огнен Ивановски на Деветиот југоисточен европски конгрес по урологија што се одржа од 01 до 3 ноември во Солун, Грција, во конкуренција од 273 научни истражувања, ја доби наградата за најдобар научен труд на тема „Парцијална нефректомија ја превенира идната кардиоваскуларна болест-први експериментални докази“.

prvo-mesto-za-najdobar-naucen-trud-na-makedonski-urolog-vo-grcija-01

„Се работи за оригинално истражување комплетно изведено во Република Македонија кое за првпат го докажува зголемениот ризик за кардиоваскуларна смрт кај пациенти со изваден еден бубрег поради тумор. Во исто време резултатите го истакнуваат бенефитот на парцијалната нефректомија т.е. отстранување само на оној дел од бубрегот кој го содржи туморот. Ова истражување директно произлегува од мојот докторат одбранет во Париз, Франција”, изјави д-р Ивановски.

Тој досега е трипати наградуван за најдобар труд на овој Европски уролошки конгрес и тоа со освоено трето место во 2009 и прво место во 2011 година.

„Сатисфакцијата е уште поголема бидејќи студијата ја освои првата награда во Солун, Република Грција во силна конкуренција на уролози, не само од југоисточна Европа, туку и пошироко. Морам да ги споменам и јавно да им се заблагодарам на  ко-авторите без чија помош оваа студија немаше да успее, а тоа се: Доц. д-р Игор Николов од Универзитетската клиника за Нефрологија, д-р. Оливера Давчева од Универзитетската Клиника за Клиничка Биохемија, д-р Калина Ѓоргиевска од Институтот за предклиничка и клиничка Фармакологија со токсикологија , Проф. Весна Јаневска и Проф. Гордана Петрушевска од Институтот по патологија “, вели д-р Ивановски.

prvo-mesto-za-najdobar-naucen-trud-na-makedonski-urolog-vo-grcija-02

Како првонаградена, темата ќе биде презентирана и на годишниот Европски конгрес по урологија што ќе се одржи во февруари следната година во Стокхолм.

Д-р Огнен Ивановски работи како специјалист уролог на Универзитетската клиника за урологија во Скопје, каде и специјализирал. Неговите докторски студии ги завршил во Париз на еден од најпрестижните Медицински факултети во светот „Пјер и Марија Кири “, кој е рангиран на Шангајската листа за 2013 година како прв во Франција, а втор во континентална Европа.

За постдокторски стаж заминува во Јапонија на Универзитетот „Кјушу“ во Фукуока. Во моментов, тој е на специјалистички престој за трансплантациона хирургија на бубрег од жив дарител и од кадавер (донор со мозочна смрт) на Медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам, Холандија, кој е еден од најфрекфентните трансплантациони центри во Европа со 150 трансплантации на бубрег од жив донор  и до 80 кадаверични на годишно ниво.

Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...
Што ќе се случува по смртта на кралот Чарлс – Сите детали за операцијата „Menai Bridge“ „Здравјето на кралот Чарлс е во многу полоша состојба, отколку што се соопштува....
„Сопругот ме изневерувал и им велел на девојките дека сум мртва - по неговата смрт дознав што ми пра... „Лута сум затоа што никогаш нема да добијам одговори“ – вели Американката која с...
Страдал од биполарно нарушување, се верува дека убил и бебе: Кој е убиецот од Прага, кој усмрти 15 с... Бил наградуван студент, син на вработен во секторот за обезбедување на аеродромо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg