Од анорексија до модел за долна облека во само 1 година
- Детали
- вторник, 05 ноември 2013
Алисон Џексон за време на студиите била жртва на анорекција, која потполно превземала контрола над нејзиниот живот.
Кога успеала да ја победи болеста стекнала нова самопочит, а во следниот број на Космополитен ќе излезе нејзината фотосесија во која позираше во секси долна облека.
На некои фотографии Алисон е потполно гола, но нејзиното тело стана симбол на победа над болеста, па тоа е нешто со што се гордее.
- Овие фотографии никогаш немаше да ги направам додека се борев со анорекцијата, затоа што тогаш бев во борба со сопственото тело. Фотографиите покажуваат колку далеку успеав да стигнам, а се надевам дека некој во мене ќе пронајде инспирација да се избори со своите проблеми.
Алисон, како и многу други девојки, добила вишок килограми заради промената на животниот стил. Кога започнала да готви сама за себе и често да консумира алкохол, килограмите сами почнале да се таложат. Полека започнала да запаѓа во депресија и да станува опседната со тежината.
-Мојата новогодишна одлука беше да започнам со диета, а кога ослабев 19 килограми се чуватвував како да имам контрола над своето тело, а всушност бев сериозно ненајадена.
Кога Алисон конечно отишла на лекар, имала 48 килограми и 176 сантиметри. Лекарите ја потврдиле анорексијата и нејзиното лечење започнало. Траело повеќе од 1 година.
Откако физички и психички се опоравила, Алион ја вратила својата нормална тежина, но и самодовербата која и овозможила да стане модел за долна облека.
Таа сега има облини, а заради моделите и креациите кои ги носи, изгледа многу подобро отколку што замислувала.
Ова е само дел од снимањето за Космополитен, на кое се согласила откако ја раскажала својата целосна приказна.