Потресна исповед: Ќерката која не ја сакав, сега ја сакам повеќе од животот
- Детали
- четврток, 03 октомври 2013
Хит Вајт кој е пилот и агент на ФБИ, целиот свој живот тежнеел кон совршенство. Во моментот кога дознал дека неговата сопруга Џенифер носи дете со Даунов синдром, тоа никако не се вклопувало во неговата идеја за идеален живот. Но, Џенифер одбила да абортира и против негова волја , во 2007 година родила ќерка, која иако на почетокот била отфрлена од него, по некое време го окупирала целиот негов свет.
Денес малата Пејзли е светло во темнината и инспирација за целото семејство Вајт, кое покрај неа има уште две деца. Но, не било секогаш така.
Кога Хит Вајт дознал дека Џенифер носи хендикепирано дете, упорно барал да ја прекине бременоста.
- Моја главна грижа беше што ќе помислат другите и како ќе гледаат на мене. Се прашував која е причината за тоа да ми се случи мене. Кога ми се роди дете со Даунов синдром, се чувствував како да умирам. Направив сè што можев за да ја натерам Џенифер да абортира и иако не бев насилен, сепак не ѝ ја пружив ниту потребната поддршка кога најмногу ѝ требаше – раскажува Хит Вајт.
И за Џенифер ова било трауматично искуство, бидејќи оној кој го сметала за своја најголема во животот, не сакал да ја подели со неа најголемата радост за приновата во семејството. Нејзин најголем страв бил дека тој може да ја остави сама, но всушност тоа го употребила како заштита против него. Таа му се заканила дека ќе го остави, ќе ги земе децата и дека ќе му се распадне целото семејство.
Кога се родила Пејзли, Хит Вајт се насмевнал само на фотографијата за семејниот портрет. Но, всушност, воопшто не му било до смеење. Кога неговата мајка искоментирала дека и Пејзл изгледа како сите останати деца, тој не сакал да прифати.
Дури после неколку месеци сфатил дека најголемата разлика помеѓу Пејзл и останатите деца на нејзина возраст, е тоа што е таа негово дете.
-Се сеќавам на моментите кога сè се промени. Ја држев и ја скокоткав, а таа се смееше. Нејзините насмевки и реакции, ми ги отворија очите дека таа сепак реагира и дека навистина единствената разлика е што таа е мое дете - раскажува Вајт.
Оттогаш тој почнал да посакува да ја покаже на сите, дури се вратил и на редовното трчање на градските маратони, кои претходно ги практикувал, но овојпат заедно со неа. Со специјална количка во која таа е цврсто приврзана, тој ја турка, таа се радува и така трчаат заедно, честопати освојуваат и медали, се забавуваат и уживаат. Сега е сè поинаку.
Кога Пејзл имала 18 месеци, нејзиниот татко почнал да ѝ пишува писмо во кое ѝ ги објаснува своите чувства, размислувања од почетокот па до денес. Свесен е дека пишува и добри и лоши работи. Многу нешта кои при првото читање може да ја повредат, но само така ќе ја открие и неговата најголема љубов, ќе ја види промената и ќе се радува на резултатот.
- Знам дека ова писмо еден ден можеби ќе ја повреди, но мислам дека ќе ѝ помогне да сфати колку ја сакам, а исто така верувам дека ова писмо би им помогнало на сите родители во слична ситуација да сфатат дека не се сами – искрено признал Хит.
Ова е на некој начин негово прочистување за грешните мисли и чувства, но и начин да остане запишана неговата љубов кон неа и да ѝ даде до знаење дека таа сега е целиот негов свет.
Погледнете ја оваа потресна исповед на таткото на девојче кое боледува од Даунов синдром: