Куче открило дека дадилка злоставува дете
- Детали
- вторник, 17 септември 2013
Уапсена е Алексис Кан (21), дадилка од Јужна Каролина (САД), бидејќи кучето го разоткрило нејзиното агресивно однесување кон детето кое го чувала.
Мешавина од лабрадор и англиски овчар, кучето Килијан, секојпат кога дадилката ќе му се приближела на детето, застанувало помеѓу нив, не дозволувајќи ѝ да му пријде, лаејќи и 'ржејќи на неа. Таквото однесување, на вообичаено мирољубивото куче, привлекло внимание кај родителите кои поставиле мобилен телефон во детската соба за да снима што се случува.
На крај, снимката открила дека дадилката вика на детето, го удира и му зборува навредливо: „Молчи, проклет да бидеш“!
Родителите биле во шок, бидејќи таа работела кај нив околу 5 месеци.
„Не ни се верува, којзнае колку пати досега детето било злоставувано и којзнае уште колку ќе го малтретирала да не беше нашето куче“ – изјавил Бенџамин Џордан, татко на детето.