Испиративна приказна: Без раце ги остварува сите свои соништа
- Детали
- четврток, 12 септември 2013
Барби Томас уште како дете во несреќа ги загубила двете раце, но тоа не ја спречило да основа фамилија, порасне два сина и да тренира и да се натпреварува во својот омилен спорт.
Оваа исклучителна жена не дозволува нејзиниот хендикеп да ја спречи во било што, што сака да прави.
Секојдневно, оваа неодамна разведена мајка и домаќинка, оди во теретана и тренира.
Утрото го започнува со кардио вежби, по тоа следат тегови, танцување, трчање, а денот го завршува со вежбање на нејзината кореографија за натпреварите.
Барби сите работи ги прави со нозете и стапалата, и вели дека се подготвува сосема сама, без никаква помош, а синовите кои веќе имаат 13 и 17 години ги пораснала без дадилка.
Оваа инспиративна жена држи и мотивациони говори и предавања со кои сака да помогне на сите оние кои се во слична ситуација, да ги остварат своите соништа.