Напуштено кутре влета во кадар на фотографија и си пронајде дом
- Детали
- вторник, 02 јули 2013
Членовите на семејството Конор од Сиетл, кои биле на летно крстарење, застанале во Чиле за да направат неколку фотографии, но на една од нив се најде и ова бездомно кутре.
Одеднаш фотографијата за спомен се претворила во интересна животна приказна.
Ова бездомно кутре кое сосема случајно влегло во кадарот на фотографијата ги освоило срцата на семејството Конор.
По долгиот пат, неколку вакцини и добро хранење, кутрето го именувале Чили Дог.
„Кутрето толку ме воодушеви што не можев да се одвојам од него. Не пратеше цел ден и се мазеше, а тогаш дојде времето за разделување. Срцето ми се кинеше. Сепак, по самото враќање дома ги контактиравме сите згрижувачи на животни кои ги знаевме во Чиле и по месец дека истото кутре стигна кај нас пред врата, токму такво какво што го оставивме“ – објаснува Кајлан, сопственичката на Чили.