Девојката со најтесен струк во светот
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2013
Мишел Кобке од Берлин очајно сака да го собори светскиот рекорд во прилично бизарна категорија.
Таа има 24 години, а носи претесни корсети последниве 3 години и тоа 24 часа на ден. Висока е 165 сантиметри и успеала својот обем да го намали за над 20 сантиметри.
Нејзината нормална големина на струкот изнесувала 63,5 сантиметри, а денес изнесува само 40 сантиметри.
Мишел се обидува да го собори Гинисовиот рекорд кој изнесува 38,1 сантиметар, а го држи Американката Кејти Јунг која е висока 172 сантиметри.
Таа се смета за навистина атрактивна девојка која работи во прилог на својата убавина.
Мишел дури и постави видео на Јутуб кое што изнуди голем број на негативни коментари.