Девојка од Загреб се обидува да ги нахрани бездомниците

Сите понекогаш сме гладни, уморни, беспомошни... Во денешно време многу луѓе едвај спојуваат крај со крај, а една хумана девојка од Загреб реши да им помогне токму на оние кои им е најнеопходно.

devojka-od-zagreb-se-obiduva-da-gi-nahrani-bezdomnicite-01

Активистката на оваа идеја на својот Фејсбук профил објави фотографија со кеса полна со храна, на која стои едноставна, но силна порака:

„Како што често зборував по бездомниците низ Загреб (а многу се, верувајте), но и со луѓето со кров над глава, сфатив дека празните желудници и тешките ситуации се најголемиот проблем. Размислував што да направам, како барем малку да им олеснам, да помогнам...

Имав идеја на неколку места низ градот да поставиме храна за бездомните, па кога нешто ќе зготвите,а ви остане – замотајте го во еден пластичен сад, во кеса и однесете го. Понекогаш наместо 1 чоколатце, купете уште едно плус. Денес одлучив да не размислувам и да не чекам повеќе да дојдам до идеално решение, туку да оставам мала кеса со храна закачена на контејнер.

Може ќе ја земе некој на кој не му е потребна, можеби некој ќе ја фрли, но јас ќе верувам дека ја пронашол некој гладен човек и му го подобрила денот. Па ете, ако сите ние направиме нешто слично од време на време, на сите ќе ни биде поубаво! Вака бездомниците кои често се чувствуваат понижено и недостоинствено, можат без ничие омаловажување да добијат храна. Не е срамота да помогнеме!”

devojka-od-zagreb-se-obiduva-da-gi-nahrani-bezdomnicite-02

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg