Заради силикони останала без раце и нозе
- Детали
- вторник, 28 мај 2013
Ејприл Браун од Калифорнија била приморана да оди на операција за ампутација на нозете и рацете откако вградувањето на силикони и предизвикало алергиска реакција.
Таа пред неколку години се согласила да стави силикони кај нелиценциран доктор кој и вбризгал течност, по што Ејприл ја добила оваа алергија која и го загрозила животот.
“Уште во училиште ме задеваа поради малите гради задник, па одлучив да го променам своето тело” – раскажува Ејприл.
Оваа 46 годишна мајка тврди дека всушност не ни добила силикони, туку и било вбризгано средство за пломбирање, а третманот го платила 650 фунти.
Интересно е што оваа жена воопшто не ни сака да го открие името на хирургот кој требал да и вбризга силикони, бидејќи како што кажува, самата таа е крива заради недостатокот на самодоверба.
Ејприл денес држи мотивациони говори, бидејќи смета дека нејзина должност е девојките да учат од нејзината трагична приказна.