Од манекенка до страшило
- Детали
- среда, 08 мај 2013
Кореанката hang Mioku си вбризгувала масло за јадење во лицето, откако докторите одбиле да и направат третман на лице.
Некогашната манекенка била опседната со естетски операции и вбризгување силикон во лице, затоа што сакала совршено мазна кожа.
Докторите утврдиле дека таа пати од психичко растројство и одбиле да и направат уште еден третман во низата од неколку и ја пратиле на лекување, но наместо тоа таа одлучила сама да се погрижи за својот изглед.
Најпрво си вбризгала цело шише силикон кое го набавила на црно, а потоа се префрлила на масло за јадење кое направило нејзиното лице да потече и да стане одвратно.
И покрај неколкуте пластични операции, докторите не успеале да ги ублажат последиците.
Резултатите од нејзиниот третман можете да ги видите ОВДЕ.