Првиот човек со Даунов синдром кој се искачи на Монт Еверест
- Детали
- понеделник, 01 април 2013
15 годишниот Ели Реимер е првиот успешен човек на ова поле кој има Даунов синдром. Тоа не го спречило да биде упорен во она што го сака.
По 10 дена и 112.654 километри, овој тинејџер стана првата личност која успеа да го оствари својот сон со помош на неговиот татко Џастин.
„Тоа беше инспиративен, смирувачки и едноставно неверојатен момент“ - изјавил неговиот татко.
Потсетувајќи се на патот кој го изоделе, Џастин вели дека токму неговиот син постојано ја водел групата.
„Тој всушност не водеше низ патеката која ја одевме, и морам да признам дека сите се зачудивме од својата неспособност наспроти неговата упорност и верба.“
Таткото на овој успешен тинејџер вели дека единствено разбирањето и поддршката им помогнало да стигнат до овој успех.
Тој верува дека лицата со хендикеп, како што е и неговиот син Ели, имаат бесконечна вредност и дека тие можат да направат неверојатни работи ако има кој да ги поддржи во тоа.