Потресни и прекрасни фотографии на њујоршки уметник за борбата на својата сопруга со карцином
- Детали
- недела, 31 март 2013
Фото есејот кој е дело на фотографот Анџело Мерендино, снимен за борбата на својата сопруга со ракот на дојка е неверојатно потресен, впечатлив и ќе ги насолзи очите и на најсилните.
Самиот Мерендино својот проект го опишува како обид да го „хуманизира ликот на ракот“ и вели дека фотографиите претставуваат „предизвик, тешкотија, страв, тага и осаменост“. Но, најважно од се – тие ја прикажуваат нашата љубов – вели Мерендино.
На нив се воочува како ракот ја победува битката, но и како љубовта и човечноста ја надминуваат болката и смртта.
„Пред јас и Џен да поминеме низ ова, ни јас не знаев како изгледа оваа битка“ – изјавил фотографот кој најпрво имал намера да ги покаже фотографиите само на семејството и пријателите.
На крајот, тој и сопругата се решиле да се соочат со реалноста и да ги споделат како информација со сите оние кои сакаат.
Одзивот бил огромен, а Мерендино вели дека начинот на кој фотографиите влијаат на луѓето „ги учат на скромност“ и ова за него претставува „Голема утеха“, сега, после една година откако Џенифер е почината.
„Во најмала рака, тоа прави да се чувствувам дека од нешто ужасно, извлековме и нешто позитивно.“