Секој ден допирате 15 пениси!
- Детали
- среда, 06 февруари 2013
Уште од мали нè учат да ги миеме рацете после одење во тоалет, но често пати оваа навика испарува од главата.
И навистина е опасно да се шетате наоколу со валкани раце заради разни бактерии, габи, жолтица и останати болести кои можете да ги уловите ако не ги миете рацете редовно.
Британската влада подготвила навистина шокантна кампања. На вратата на многу јавни тоалети во Британија се појави постер кој повикува на миење на рацете после вршење нужда, со згоден додаток на крајот:
„Дневно, вашите раце индиректно доаѓаат во контакт со 15 различни пениси (преку кваките, спортската опрема, фиксните телефони...).
Веруваме дека многумина се вратиле да се измијат откако ја допреле кваката во ве-цето.