Професорка суспендирана заради полуголи слики и марихуана (фото)
- Детали
- четврток, 31 јануари 2013
Карли Мекини е професорка во средно училиште во Колорадо, која беше суспендирана заради провокативни слики и коментари на Твитер.
Ова беа нејзините коментари кои го загрозија угледот и работното место.
Исто така, тука е збирката од слики на кои јасно се гледа како пуши марихуана.
Нејзините полуголи слики се раширија по социјалните мрежи со брзина на светлината. По кратко време нејзиниот акаунт беше избришан, за кој таа тврдеше дека е направен на шега од страна на некои нејзини пријатели.
Последната капка која ја прелеала чашата бил нејзиниот твит „Гола, Мокра. Надувана“, а всушност се верува дека често пати таа со себе во училиштето внесуваа недозволени супстанци.
Во нејзиното интервју по овој скандал, таа тврди дека објавувањето на овие слики е без нејзино знаење. Затоа и е многу жал што поради ваква невкусна шега ќе мора да се соочи со детално истражување на случајот и со суспендирање од работното место.