Животни приказни: Човекот без лице доби здрава ќеркичка
- Детали
- четврток, 13 декември 2012
Чуда се случуваат навистина! Латиф Катана (32) од индинскиот град Кашмир, кој заради тешката болест – неврофиброматоза нарекуван е и како „човекот без лице“ доби здрава ќерка со жената која има една нога.
Тој со години трпел исмевање заради својата болест – има слоеви разлабавена кожа кои му го прекриваат целото лице.
Откако дознал дека жена му е бремена, неговиот најголем страв бил дали детенцето ќе ја наследи болеста.
Но, ќерката Улфат се родила жива и здрава. Двојката е венчана од 2008 година. Салима готви и чисти бидејќи неговиот вид е ограничен.
Тој не може да работи, а за да го издржува семејството проси. Секоја година патува во Сринагар и таму останува неколку месеци за да собере пари за семејството.
Салима вели дека Латиф е прекрасен маж и дека е сигурна дека ќе биде уште подобар татко.
- Без оглед на тоа како изгледа, јас сакам што се омажив за него. Не жалам за ниту еден момент поминат со Латиф. Неговото лице е Божја волја и ние тука не можеме ништо, освен да го прифатиме тоа и да ги живееме нашите животи – рекла Салима.