Животни приказни: Со жената и кутрето живеат во канализација
- Детали
- среда, 05 декември 2012
Канализацијата во колумбискиот град Медељин, веќе 22 години е дом за Мигел Рестреп, неговата сопруга Марија Гарсија и нивното куче Блеки.
Ова невообичаено место е претворено во нешто што личи на дом за поранешниот наркоман и неговото семејство.
Во просторот кој е со површина од 3x2м и висина од 1.4 метри има доволно место за шпорет, вентилатор, кревет и телевизор.
Куќата на Мигел и Маријана се наоѓа на територија која припаѓа на градот, па локалните власти во секој момент можат да и истераат на улица, ако одлучат така.
Градот Медељин е втор по големина во Колумбија, а по него е наречен и познатиот нарко-картел кој во 1993 година официјално е разбиен во соработка со американската и колумбиската влада, со помош на припадниците на паравоените трупи.