Јапонците го подготвуваат најбрзиот воз на светот
- Детали
- недела, 25 ноември 2012
Јапонците се познати по правењето брзи возови кои достигнуваат и брзини до над 300 километри на час, но најновиот проект за брз воз дефинитивно ќе ги сруши сите рекорди бидејќи тој оди дури 500 километри на час.
Series Lo прототипот на јапонската железница работи на магнетен погон, односно лебди врз самата шина, а го движат моќни магнети кои се движат под него.
Возот се очекува од Токио до Нагоја (од едниот до другиот крај на земјата) да вози со 500 километри на час и да собира 1000 патници.
Ваквиот погон не е новина, бидејќи Британија имала воспоставено ваква машина, иако со многу пониска брзина, од 1984 до 1994 година, Кина во 2004 година, додека Јапонците се приклучиле една година подоцна, но најбрзо напредуваат.