Од концертот на Џенифер Лопез во Белград (фото + видео)
- Детали
- среда, 21 ноември 2012
И тоа помина! Концертот на Џенифер Лопез во Белград заврши. Таа и се заблагодари на публиката замотана со српското знаме, откако со својот дечко Каспер, изведе провокативен танц на песната "Dance Again".
Белградската Арена пред почетокот на концертот беше нагрната од цела армија фанови меѓу кои и голем број познати личности – Цеца, Лепа Брена, Никола Којо, Аца Лукас, Александра Радовиќ...
Лопез го започна шоуто со песната "Get right". На сцената се појави во познатиот комбинезон со кристали во друштво на атрактивни танчери извикувајќи "Hey Serbia i wanna hear you sing"! (иако на концертот беа присутни илјадници фанови од останатите земји од Балканот, па од кај да знае она).
Поголем дел од концертот одеше на плејбек, но од време на време можеше да се чуе и нејзиниот глас. За време на спектаклот Џеј Ло се пресоблече 4 пати, а на сцената се променија кревет, боксерски ринг и секако цел куп танчери.
Аплаузот кој го доби беше навистина громогласен. Се врати на бис еднаш, но публиката беше благо разочарана што концертот не траеше повеќе.
Нејзин следен настап во склоп на турнејата е во Дубаи.
Фото: Tanjug