5 вистинити приказни кои ќе ви го стоплат срцето: добри луѓе сè уште постојат

Преплавени сме секојдневно со лоши вести од целиот свет, па понекогаш делува дека имаме недостиг од добрина на светов.

5-vistiniti-prikazni-koi-ke-vi-go-stoplat-srceto-dobri-lugje-se-uste-postojat-1

Но, ние секогаш гледаме на светлата страна и сакаме да придонесеме за насмевка на вашето лице, па одбравме неколку убави приказни кои за момент ќе ви ја вратат вербата во човечкиот род и ќе ви покажат дека се уште постојат добри луѓе.

1. За време на годишниот одмор во Џорџија, еден човек случајно го оставил отворен прозорот од автомобилот кога почнало да врне. Наишол некој случаен минувач кој се решил да го заштити возилото па залепил ќеса. Анонимниот помошник оставил порака „не сакав автомобилот да ти биде мокар. Уживај во денот.“

5-vistiniti-prikazni-koi-ke-vi-go-stoplat-srceto-dobri-lugje-se-uste-postojat-2


2. Втората приказна доаѓа од Русија.
Камерата поставена на контролна табла забележала сцена на која возач излегува од автомобил за да и помогне на старица да ја помине улицата. Постарата госпоѓа најверојатно се испаничила и застанала среде густиот сообраќај.


3. Во сеќавање на паднатиот борец Мајкл Марфи
, неговиот пријател Џеф Берлајн се одлучил да резервира едно место во локален бар во Конектикат и на масата оставил пиво со посвета за својот загинат пријател, а сопственикот го замолил на секој час да почести со пиво по еден гостин од локалот. Џеф му нудел на сопственикот на локалот доволно пари за оваа услуга, но тој одбил и ги преземал сите трошоци на себе.

5-vistiniti-prikazni-koi-ke-vi-go-stoplat-srceto-dobri-lugje-se-uste-postojat-3


4. Четвртата приказна неодамна се прошири на Твитер.
Корисникот ЗеФранк објавил преписка на еден свој работник кој на паркинг случајно изгребал нечиј автомобил, а потоа оставил порака со својот телефонски број. По ова следело симпатично допишување меѓу двајцата актери во овој настан:

- Здраво, фала ти што си ми оставил порака на автомобилот за штетата на браникот. Немој да се грижиш. Среќен сум повеќе што сè уште постојат чесни луѓе. Сите правиме грешки. Нека ти биде денот добар и се надевам дека ќе имаш и добра карма. И уште еднаш, ти благодарам што си добра личност – напишал сопственикот на автомобилот.

- Фала ти многу. Жал ми е за ова и ти благодарам и тебе што и ти си добра личност – одговорил виновникот. Оваа преписка ја завршил човекот чиј автомобил бил оштетен со коментарот: „На здравје, нема проблем. Напиј се нешто и прослави затоа што си добра личност. Само немој да возиш после тоа! :) Ха Ха!“


5. Последната приказна
брзо се прошири низ светските медиуми откако беше објавена на KMBC. Патрик Конли е неподвижен целиот живот, и на концертот на својот омилен бенд не успеал да ја види сцената од количката. Мајка му и неговата сестра не успеале да го подигнат. Меѓутоа, во близина, се нашле двајца странци кои го држеле цел час се додека концертот не завршил.

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg