Како изгледаат собите за легално дрогирање во Германија? (фото)
- Детали
- четврток, 15 ноември 2012
Во главниот град на Германија, Берлин, отворени се соби за легално дрогирање. Консумрауме (собите за консумирање) служат за зависниците да можат да ја подготват и на потполно легален начин да ја користат дрогата.
Ова е дел од проектот на владата посветен на големиот број зависници кои на чисто и сигурно место ќе можат да се дрогираат со надзор на волонтери и медицински персонал.
Во Германија моментално има повеќе од 20 вакви „сигурни соби“. Освен во Берлин, постојат и во Хамбург и Франкфурт, како и во некои од покраините.
Освен во Германија, соби за зависници од наркотици се отворени и во Холандија, Швајцарија, Австрија,Франција и Австралија.