Жени лидери во Европа: Кои земји имаат претседателки и премиерки?
- Детали
- четврток, 09 мај 2024
Гордана Силјановска Давкова е првата жена-претседател на Македонија, но не и единствената жена со лидерска функција во Европа. Грција, Словенија, Молдавија… Кои европски земји имаат жени претседатели и жени премиери?
Македонија за првпат во историјата ќе добие жена претседател по победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.
Таа ќе се приклучи на голем број други земји кои дале доверба на жените лидери и им довериле важни функции во државата.
Жените отсекогаш биле присутни во политиката. Доволно е само да се присетиме на „челичната Лејди“, односно Маргарет Тачер која беше премиерка на Велика Британија во 90-тите, но и на Ангела Меркел, која долги години беше канцеларка на Германија.
Во Србија, Ана Брнабиќ беше премиерка, а сега во моментов е претседател на Собранието.
Кои други европски земји имаат жени на лидерски функции?
Грција – Катерина Сакеларопули
Поранешната судијка е претседателка на Грција од март 2020-та година. Таа е првата жена претседател во земјата.
Словенија – Наташа Пирц Мусар
Поранешната адвокатка и авторка застана на чело на Словенија во 2022-ра година.
Пред да ја добие функцијата, таа беше најпозната како адвокатката што ја бранеше Меланија Трамп, а сега е првата жена претседател на Словенија.
https://www.instagram.com/p/CxWDRQOxPwZ/?img_index=1
Грузија – Саломе Зурабишвили
Саломе беше првата жена претседател на Грузија, која дојде на функција во декември 2018-та година.
Поранешната дипломатка, заради уставните измени ќе биде последната претседателка избрана на избори, а во иднина се очекува претседателите да се бираат во парламентот.
Молдавија – Маја Санду
Маја Санду претходно беше на премиерската позиција во Молдавија, а од 2020-та година е избрана за претседателка на земјата. Таа е првата жена претседател на Молдавија.